Растот на БДП во првиот квартал 3,2 отсто

Во првиот квартал годинава стапката на раст на БДП изнесува 3,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите:  Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 9,9 отсто, Уметност, забава и рекреација, Други услужни дејности, Дејности на домаќинствата како работодавачи, Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 6,6 отсто, Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,3 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 6,2 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на  домаќинствата, во првото тримесечје од 2015 година, номинално порасна за 1,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесуваше 69,6 отсто.

Во овој период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,4 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5,5 отсто.