Растурена журка во Скопје – запленет кокаин, амфетамин, приведени 13 лица

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице.

– При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога – стои во соопштението на МВР.

Оттаму велат дека се приведени М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23).

– Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства – велат од МВР.

Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.