Раул: Ветувам голема борба за фајнл-фор и следната сезона

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, имаше одлична сезона со Вардар и е прогласен за тренер на годината. Сето тоа е заслужено, а денеска кога беше дочекан заедно со своите херои и се искачи на бината на плоштадот, имаше што да каже.

– Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката во текот на целата сезона. Сите треба да бидеме горди на овој резултат. Цела Македонија. Сакам да им се заблагодарам на сите играчи бидејќи одиграа со срце во завршницата. Тие секој ден тренираа без штедење и работеа напорно. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со нас бидејќи без нивната поддршка немаше да бидеме тука. Сега ние сме најдобрите во Европа и така треба и да се однесуваме. Ветувам дека и следната сезона ќе се трудиме многу за одново да бидеме на ова место. На крајот ќе ве замолам сите заедно да отпоздравиме… Тишина (војнички поздрав)… – беше изјавата на Раул Гонзалез.