Разбеснетиот Реал (М) гостува во Севилја

Само три погодоци беа постигнати на првите два натпревари од вонредното 30. коло во шпанската Примера дивизион.

Без победник и без погодоци заврши дуелот помеѓу екипите на Елче и Атлетик (Б), а минимална победа од 2:1 на гостувањето во Малага, остварија фудбалерите на Еспањол.

Од денешните натпревари, убедливо најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу екипите на Севилја и Реал (М).

Без право на кикс се гостинските фудбалери кои имаат обврска да слават на тешкото гостување во Андалузија и така да ја зачуваат лидерската позиција на табелата.

Гостинот од Виго, тимот на Селта, не би требало да се покаже како некоја посериозна пречка за каталонскиот гигант Барселона, а се освен убедлив триумф на Атлетико (М) во дуелот против гостинскиот тим на Гранада ќе биде дефинирано како вистинска сензација.

Денеска на програмата: Р.Валјекано – Осасуна, Барселона – Селта, Севилја – Реал (М), Атлетико М. – Гранада.