Разбојник од Инџиково уапсен во Кавадаречко

Полициски службеници од Оперативен тим од потраги вчера во село Возарци, кавадаречко, привеле 34-годишно лице од скопското село Инџиково кое се барало по потерница од Основен Суд-Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што соопштија од МВР, лицето Б.Џ. е спроведено во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка.