Разбојништво во стан во центарот на Тетово

Четириесет и седумгодишна жителка на Тетово вчера околу 21.30 часот во полиција пријавила дека во нивниот дом вооружени лица извршиле напад и кражба. Таа била дома заедно со нејзината ќерка.

„Во СВР Тетово било пријавено дека неколку непознати лица со физички напад врз 47-годишна тетовка и со закана со пиштол влегле во нејзиниот дом на ул. „Маршал Тито“, каде била заедно со нејзината ќерка. Одзеле пари, телефон и златен накит. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот“, соопшти СВР Тетово.

По консултација со Јавен обвинител, увид во станот извршила екипа од СВР Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.