Разбојник го испразни „Кам Маркет“

Вооружен о пиштол, разбојник го собрал дневниот промет од „Кам Маркет“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи на улицата „Народен Фронт“ бр.19 во Скопје, синоќа бил ограбен уште еден „Кам Маркет“.

Засега непознатио лице вооружено со  пиштол се заканило на вработената 31-годишната М.Ј. и и гоодзел дневниот промет. Сторителот влегол во маркетот  во просторот кај касите, ја фатил М.Ј. за рака и заканувајќи и се со пиштол и наредил да ја отвори касата од која ги одзел парите, по што избегал од местото на настанот.

Крадецот успеал да се збогати за 15-20 илјади денари од дневниот промет.