Разбојник со пиштол ограбил трафика во Ѓорче Петров

Разбојник си заработил 10.000 денари откако со пиштол и се заканил на вработената во трафика во скопската општина Ѓорче Петров.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, околу 19 часот, вооружено лице извршило разбојништво во трафика на улицата Ѓорче Петров.

Тој со пиштол и се заканил на вработената, која исплашена за својот дом му го дала дневниот промет во вредност од 10.000 денари.

Полицијата трага по сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.