Разбојништво во Кам во Топанско Поле, однеле 3.000 евра

Маскирани разбојници однеле околу 3.000 евра откако со оружје им се заканиле на двајцата вработени во Кам во Tопанско Поле.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера, околу 20 часот мета на маскирани разбојници бил маркетот Кам лоциран на улицата Џон Кенеди во скопската населба Топанско Поле.

Разбојниците со маски на глава, а едниот вооружен со пиштол им се заканиле на двајцата вработени и одземале околу 3.000 евра од дневниот промет.

Полицијата работи на откривање на сторителите кои со парите избегале во непознат правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.