Разбојништво во поштата во Катланово, вработената пак падна во несвест

84

Поштата во скопско Катланово вчера била мета на разбојник, а вработената повторно паднала во несвест.

Разбојник вооружен со нож вчера, околу седум часот утрината ја ограбил поштата во Катланово, соопшти полицијата. Разбојникот со нож и се заканил на 63-годишната Б.М. од Катланово, која најверојатно од страв се онесвестила.

Додека вработената била без свест, разбојникот успеал да украде околу 400.000 денари.

Онесвестената жена ја приметил колегата кој дошол подоцна на работа. Таа биле пренесена во Градска општа болница „8 септември“ , но не се констатирани повреди.

И минатата година поштата во Катланово беше мета на разбојници.Разбојник провалил во поштата, и со пиштол и се заканил на Б.М. И тогаш, од страв, таа се онесвестила, а разбојникот избегал со плен од 331.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.