Разбојништво во „Сенатор“: Со закана украл над 3.000 евра

Казиното „Сенатор“ на божикното утро беше мета на вооружен и маскиран разбојник.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу седум часот утрината разбојник го ограбил казиното „Сенатор“ на булеварот Партизански одреди во центарот на Скопје.

Полицијата соопшти дека вооружен и маскиран разбојник со оружје им се заканил на трите вработени и успеал да украде над 3.000 евра.

Со богатиот плен тој избегал во непознат правец. Полицијата работи на расчистување на случајот.