Раздор во опозицијата – незадоволство од вчерашниот договор

Раздор во опозицијата – незадоволство од вчерашниот договор

По постигнувањето на синоќешниот договор во Пржино дел од медиумските експоненти на опозицијата на своите Фејсбук профили јасно искажаа незадоволство од постигнатиот договор и од потпишаното.

Иако лидерот на СДСМ се обидува договорот да го оцени како своевиден триумф на СДСМ и капитулација на ВМРО-ДПМНЕ, дел од медиумските експоненти на опозицијата јасно и недвосмислено го искажаа своето незадоволство од Договорот.

Така Миодраг Мисолиќ на својот ФБ профил напиша:

dogovor-misolikj

„Министер за внатрешни од СДСМ, но со одобрување од ДПМНЕ. И уште министер за труд и социјална политика, демек да не се купуваат гласовите со социјална помош. А, свесни ли се дека ако нема „засилена“ социјална помош пред избори, социјалците ќе си речат: „додека беше Грујо ја добивавме“, и во уште поголем број ќе гласаат за него, да им се врати тоа што го имаа. Другите министерства остануваат кај ДПМНЕ, со неколку заменици од СДСМ, заради истата контрола за гласови, а според мене и со истиот ефект („со овие нема субвенции за земјоделците, а претходно имаше“). Премиер нема да биде Грујо, но ќе биде од ДПМНЕ, што значи може да и некој Чавков. Ќе се постави и специјален јавен обвинител, кој ќе ги процесуира случаите откриени со „бомбите“ на опозицијата. За неколку месеци. Кој ќе биде тој специјален јавен обвинител, што толку сложена и обемна материја ќе ја разреши за неколку месеци? Чак Норис? И во таква административно-политички амбиент, избори за само сто дена. Пописот, избирачките списоци, изборните закони, ослободување на медиумите, демонтирањето на режимот.., не се ни споменати. Важно било (според Заев) дека Груевски нема да ги организира. А, помислува ли Заев што ќе се случи ако Груевски победи на изборите што „нема да ги организира“? Кутар, наивен и добродушен Зајко, со ова што си го потпишал, тој ќе ги организира. Систем граден девет години не се разградува за сто дена. И пак ќе речам, би сакал да се лажам.

Ивор Мицковски кој исто така важи за еден од најгласните поддржувачи на политиките на опозицијата изрази незадоволство од договорот што тој го нарече дека е „договор на врзаните раце“.

dogovor-ivor-mickovski

Договор на „врзаните раце“ за опозиција која се враќа во Собрание, нема право на бомби, со врзани потписи кои значат институционална блокада, и три месеци со премиер сурогат на Ж. Единствена сатисфакција и најголемо соочување со реалноста – Грујо не организира избори.

dogovor-joci

Јорданка Ивановска – Јоци на ФБ профилот објави статус со слична содржина:

– Не се oди нa избoри сo еуфoријa. Кaкo штo 9 гoд. се oдеше. Пaк дa пoтсетaм нa oнa штo не сaкaте дa чуете и прoчитaте.
По ова се поставува прашањето дали уште повеќе расте раздорот во опозицијата? Дали уште повеќе се зголемува незадоволството кај дел од членството и поддржувачите?

Ова посебно ако се земат во предвид последните анкети кои укажуваат на тоа дека владејачката партија има убедлива предност пред СДСМ, а дека времето до избори е мошне кратко па најверојатно социјалдемократите и овој пат нема да обезбедат позитивен резултат.