Разговор меѓу началниците на рускиот и американскиот генералштаб, по симулацијата за нулеарен удар врз Русија

122

Началникот на генералштабот на руската армија и началникот на здружениот штаб на американските вооружени сили во вторникот имале телефонски разговор, објавија Москва и Вашингтон, во екот на зголемените тензии меѓу Русија и САД во врска со Украина.

Руското министерство за одбрана во соопштението наведува дека генералот Валериј Герасимов разговарал со американскиот колега Марк Мили за прашањата од „меѓународната безбедност“, без да наведе други поединости.

Пентагон, пак, соопшти дека двајцата највисоки воени функционери разговарале за „намалување на ризиците“.

Герасимов и Мили во септрември се сретнаа во Финска, каде што, како што објави Москва разговарале за спречувањето на воените инциденти меѓу двата геополитички ривала.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно во вторникот ги обвини САД дека изведуваат опасни воздушни воени маневри во непосредна близина на руските граници каде беа забележани минатата седмица американски и британски стратешки бомбардери.

„Во американската вежба Global Thunder десет американски стратешки бомбардери се увежбуваа за употреба на нуклеарно оружје против Русија од исток и од запад“, изјавил Шојги, соопшти министерството за одбрана во кое се додава дека само последниот месец изведени се 30 такви летови

„Во сите случаи нашата противвоздушна одбрана навремено ги идентификуваше американските стратешки бомбардери, воспоставено е континуирано набљудување и спроведени се мерки за спречување инциденти“, рекол Шојгу.

Минатата седмица и рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот за испраќањето на стратешките бомбардери на само 20 километри од руските гранции.

Последните денови САД, НАТО и ЕУ изразуваат „загриженост“ поради наводните движења на руските сили во пограничната област со Украина, чии рускојазични и проруски југоисточни региони се отцепија по 2014 година по превратот во Киев кој се обиде со воена интервенција да ја наметне својата власт во регионот на Донбас.

Москва од своја страна повеќепати порача дека движењето на нејзините сили на нејзина територија не треба никого да загрижува затоа што не е насочено против ниедна земја и предупреди на постојаното зголемување на силите на САД и НАТО на нејзините граници.

Во таквите затегнати односи, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во понеделникот дека се размислува за скорешен „контакт“ на претседателите Владимир Путин и Џо Бајден, но „за времето и за други детали сѐ уште се разговара“. „Украина секако ќе биде една од темите“, на тој евентуален разговро, додаде Лавров.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.