Разговор меѓу Вучиќ и новинар: Изгуби два килограмa за време на интервјуто за Си-Ен-Ен (ВИДЕО)

Миломир Мариќ, главен уредник на Хепи ТВ, една од најгледаните српски телевизиски станици, позната по емисии во кои се појавуваат воени злосторници и криминалци и вести кои ретко ја прикажуваат актуелната власт критички, беше домаќин на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во неговата емисија на Хепи ТВ синоќа, пренесе „Јутарњи.хр“.

Меѓу другото, тој се осврна на интервјуто на Вучиќ за телевизијата Си-Ен-Ен со новинарката Кристијане Аманпур.

„Изгуби два килограма за време на интервјуто на Си-Ен-Ен“, му кажал Мариќ на Вучиќ.

Да потсетиме, Вучиќ пред два дена даде интервју за Си-Ен-Ен, при што Аманпур го распраша за повеќе теми: настаните во Бањска, косовското прашање, Новак Ѓоковиќ, БиХ и други, а на Вучиќ на моменти му беше очигледно непријатно во текот на интервјуто.

Како одговор на коментарот на Миломир Мариќ дека изгубил два килограми за време на тоа интервју, Вучиќ рече:

„Можеби е претерано, но килограм сигурно и тоа е логично и добро бидејќи сум дебел“.

„Беше страшен стрес, беше како судница и ти успеа…“, продолжи Мариќ.

„За тоа е потребна огромна концентрација, како пилот кога ќе влезе во Формула 1…“, му рече Вучиќ.

https://twitter.com/GradascevicEmin/status/1709275409022423207?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1709275409022423207%7Ctwgr%5Ebd7d25b21a54b36bd903bc044d0d98aa01a4f248%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fregion%2Frazgovor-megu-vuchik-i-novinar-izgubi-dva-kilograma-za-vreme-na-intervjuto-za-si-en-en-video%2F

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.