Разговор со Гогољ и Цанкар

После година и половина ми се јавува бесмртниот Гогољ со неговиот Ревизор и ми вели: „Ти ја прочитав книгата – ’Трулежот на системот во Македонија’. Го исмејуваш правниот систем во Македонија за периодот 2019/2020 година, твоите доживеани патешествија, лични доживувања и твојата Донкихотска борба, борба Давидова за правда и правна држава, од позиција на државен просветен инспектор, кој бараше спроведување на законитоста, примена на законите и нивната имплементација во правниот систем во македонското општество“.

Да те прашам, ми вели Гогољ. Дали е нешто изменето во Македонија во поглед на правото? Дали ви профункционира правниот систем? Дали ви се партизирани институциите, како со корупцијата и криминалот? Дали има непотизам?… Му велам, чичко Гогољ, пополека, дај прво да одговорам на ова што ме прашуваш. Да не заборавам му велам: Деновиве го притворија поранешниот генерален секретар Рашкоски и сега е во Шутка. Дали е можно, ми вели Гогољ, зарем првиот човек на Зоран Заев?!. Да, да, му велам, Зоки го бранеше, го правдаше за неговиот изум изработил сообраќаен софтвер и му го продал на МВР, а овој Оливер Спасовски, за тоа незнаел дека изумот е во МВР. Што ми зборуваш, ми вели Гогољ! Ти со мене се подигруваш. Тоа не е можно. Ваков „генијалец-чесен човек“. Зоки, ми вели дека: „тоа е измислено од некој суетен новинар, еден педер и опозицијата му измислуваат и сакаат да го рушат од власт. Тоа неможе да се случи. А, што е со Ден Дончев?, ми вели. Незнам каде е го нема, можеби е во Муртино, таму се одмара или е на плантажите за марихуана, за произвоство на „медицински канабис“. Добро, ми вели, а што работи путерот? Му велам, кој путер? Како бе кој путер? Па, оној криминалецот за криминал Николовски. А, оној што е на службен пат во Дубаи?! Да, да тој. E, што тој. Се бори ли со криминалот и корупцијата? Да, се бори му велам. Сега ги испитува министрите, директорите, колку потрошиле за пиење вода и за уринирање. Им се пресметува во репрезентација на потрошени буџетски пари. Браво, вели Гогољ, ќе ве биде за ќенеф! Кон овие наши разговори ни се приклучува чичко Цанкар и ми вели: Јернеј, како си со твоето право, како е твојата Македонија? Па, чичко Цанкар, и јас како и Јернеј го бараме правото. Мојата Македонија е во тешкотија. Во каква тешкотија, бре Јернеј? Па чичко Цанкар, овие на власт Зоки, Димитар ни го сменија името, идентитетот, да сме се викале Северна Македонија, да сме биле „северномакедонци“. Ќе сме влезеле во Европска унија?! И што правите сега? Па чичко Цанкар, македонскиот народ на референдум кажа НЕ за промена на името. Ама, тој референдум бил консултативен. Па одлучија со гласање во македонскиот парламент. И? И  го изгласаа со 80 пратеници. Како бре. Така. Им помогнаа оние изродите 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Оние некои беа во притвор. По барање на Зоран Заев како извршна власт, судската власт ги ослободи од притвор, за да гласаат за промена на името. А, зошто притвор? Па, пратеникот Мукоски ги отвори вратите во парламентот на 27 април 2017 година, влезе толпата народ кои го бранеа Уставот на Македонија. И истите ги прогласија за „терористи“ и сега поголемиот дел лежат по затворите како „терористи“. Па, добро ми вели Цанкар, колку „терористи“? Па, му велам некаде над 30 „терористи“. Па вие бре, Македонци сте најопасни во светот, ми вели Цанкар. Па каква Европска Унија, вие сте опасни за светот, ми вели. Му велам, чичко Цанкар: „Овие што лежат по затворите во Македонија не се терористи. Тие се уставобранители, си го бранат уставот во Македонија. Тие се патриоти“! Правите терористи се во власта. Што зборуваш. Не е можно! Да, му велам, чичко Цанкар. Нелигитимниот спикер на Парламентот кој незаконски е избран е терорист. Учесник во ОНА-УЧК неговото теророристичко воено име му е командант Форина од гостиварско. Ми вели Таљат Џафери? Да, да,му велам има и некои пратеници! Главен им е  командант на УЧК-ОВК Абаз (Али Ахмети). А оној, што е заинтересиран Хаг. Да, му велам. Оној што  Универзитетот во Тетово го избра за почесен доктор, ми вели чичко Цанкар. Да, велам. Тој, е заслужниот геноциден командант на човечки македонски животи. Ама чичко Цанкар, воениот командант Абаз знае што се терористи, вели дека тие кои упаднаа на 27 април во парламентот, не се терористи. Терористите убивале луѓе, вели Абаз. Овие, уставобранителите се бореа за Македонија. Исто, мисли и претседателот Пендаровски… исто мислат и македонските граѓани. Само не Заев, Оливер, Рада, уставната судивка Кацарска и уште неколку пајташи. Слуша Гогољ и ми вели: ајде Јернеј, те прашав, не ми одговори: Дали ви профункционира правниот систем? Дали ви се партизирани институциите? Како со корупцијата и криминалот? Дали има непотизам? Па чичко Гогољ, скандали има колку сакаш. Ако се појавил пред еден ден, веќе е стар за наредниот ден, се појавил нов скандал. Има рекет 1,2,3,… па тендери, канабиси, па мафијата владее низ Македонија. Те се појавил криминал во Грчец, па главните наркобосови-мафијаши ги нема. Можат да се видат како се сликани со Заев, Оливер, Пендаровски, со Вице Заев. Ама како што зборува Зоки. Зоки вели: „тие се „многу чесни“. Да, па се јавуваат исти и слични мафијаши во Арачиново, ама и тие не се фатени. Операцијата е „многу смислена„ невидени оперативци. Ама нема одговорност. Па, откриени се скандали од опозицијата за злоупотреба на  пасоши, лични карти, изводи на матични книги и слично. Тоа е меѓународен мега скандал.

Чичко Гогољ и Цанкар, нашите мафијаши можат да ви држат семинари и научни симпозиуми на вас во Вашите земји. Да учите од нашите криминални мафијаши како се поврзани со функционерите, за криминал и корупција. Чичко Цанкар ми вели, не е можно?. Па еве, чичко Цанкар, по перцепцијата за криминал и корупција по Транспарент интернешенел сме од пред една година од 106, сега сме на 111 место по криминал и корупција. Ако вака продолжиме нема да ни бега и 120…150 место. Па вие, ми велат чичковците Гогољ и Цанкар, сте ХИБРИДЕН РЕЖИМ-КРИМИНАЛЕН РЕЖИМ. Значи Јернеј не Ви функционира правниот систем, се ви е исполитизирано?!!. Не се, ама, имаме рамковно харикири. Што е тоа Јернеј, ме прашуваат чичковците. Сега ќе ви објаснам им читам: „…Наложените вработувања во државните институции на лицата што со години земаа плата без да одат на работа дополнително ќе го отежнат европскиот пат на Македонија, поради лошата распределба институциите се полнат со нестручни кадри, кои во иднина нема да можат да одговорат на спроведувањето на реформите што Европската Унија ги бара од земјава… понатака им читам тивко, а чичковците внимателно слушаат:„ При распределбата целосно е занемарен мерит системот на што всушност постојано инсистира Европа, што не може да се протолкува никако поинаку освен како уривање на државните институции одвнатре“. Па, Јернеј, вие сами се рушите ми велат чичковците. Да, им велам, уште малку да ви прочитам, оти вие ова го немате во Вашите земји. Ајде Јернеј читај. Ајде прво, да се напиеме од руското чајче, им велам, ни остина. Е, сега ќе читам:„ Токму на тоа предупредија неколку институции, со забелешка дека им се испраќаат кадри што воопшто не им се потребни или, пак, не се стручни за работата што треба да ја извршуваат. Занесен само читам, чичковците слушаат: „…На ова истапи претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, која се пожали дека наместо виши советници, им биле испратени помлади соработници… вакви забелешки има и за вработувањата во министерството за внатрешни работи, бидејќи, како што пишува не беше испочитувана без безбедносна проверка на лицата што се вработуваат во онаа мера како што налагаат правилата за работа во оваа институција, па така, не се за изненадување последиците незаконски дејства во кои беа  инволвирани и припадници на МВР. Леле, Јернеј, па ова е криминал. Дали некој се спротивставува на ова. Им велам. Има уште нешто да ви прочитам: „додека другите институции, и покрај првичните негодувања и реакции ги прифатија „рамковните“ вработувања, првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, по цена на својата функција, изјави дека нема да попушти и да го потпише решението за вработување на 35 лица, бидејќи некои од нив, како што рече, не соодвествуваат на барањата…“. Јернеј, ги читаме вашиве закони поголемиот дел ви се со европско знаменце?! Имате добри закони, но лоша ви е практиката-имплементацијата. Зошто се чудиш Јернеј. Велам не се чудам. Сакам да ви кажам, мои чичковци, се срамам, ама морам да ви кажам. Ајде кажи, зошто тивко зборуваш. Да ви кажам им читам: „…Политичкото влијание врз Советот на јавни обвинители, но и во Судскиот совет, повторно испливаа на површина при неодамнешното унапредување на обвинителите во Вишото обвинителство во Скопје и во Обвинителството за гонење организиран криминал, кога најпрво во медиумите мистериозно се појави списокот на оние што ќе бидат избрани, а потоа следниот ден истите луѓе беа изгласани од Советот на јавни обвинители. Сето ова го прават политичарите кои ги кројат списоците на обвинители и судии, а изборот подоцна се сведува на чиста формалност“. (Нова Македонија, 26 и 27 април 2021под наслов Горчливиот вкус на обвинителските запршки, како и Рамковно харикири за евроинтеграциите од Сашо Таневски) или им читам од други портали дека: …Павлина Црвенковска е претседател на Судскиот совет. Према исказите на оштетените  штедачи на Еуростандард банка, во кој учествувал и сопругот на претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Зоран Црвенковски. Според нив, Црвенковски е дел од криминалната мрежа за грабеж на Еуростандард банка и еден од позначајните должници во банката. Освен што „позајмил“ и должи 1.600.000 евра, свесно ја однел неговата фирма должник Екопласт Рисајклинг во стечај. Се отклопчува клопчето на мафијата. Државната комисија за спречување на корупција – отвори предмет во предметот што го отвори да испита што поседува Павлина Црвенковска и дали го прикрива имотот на нејзиното семејство. Со право оштетените штедачи бараат итна оставка од Павлина Црвенковска.

Чувај се Јернеј ми вели чичко Цанкар. Од што му велам. Чувај се од пандемијата од Ковидот 19. Дали се вакцинира. Му велам уште не. Што чекаш. Чекам некој да ме повика. Па што чекате, бре македонци. Еве чекаме помош. Ни дадоа соседите Србите, Русите ни  донесоа Кинезите. Што небаравте од порано ви се нудеше уште од декември и руски и кинески вакцини. Знам чичко Цанкар. Ми дофрла Гогољ на руски- СПУТНИК. Молчам, како да им кажам. Нашата дипломатија и оној Зоки кој вели геостратешки. Нашиот пат бил Европска Унија? Нашиот дипломат Османи отиде да агитира не за вакцини, туку, за Косово и Албанија за влез во ЕУ. Добро им велам ни помогнаа Србите, добивме и руски и кинески вакцини сега мајот и јуни ќе се вакцинираме. Да викам ќе се вакцинираме???. Читај ми велат, јас читам: „Европска недела на имунизацијата, која започна вчера, секоја од државите, вклучувајќи ја и Македонија, ја дочекува со различни надежи и очекувања, но и различен процент на вакцинирано население против ковид 19. Читам-пишува: „ Европската статистичка организација „Статиста“ информира дека Малта е прва во Европа и оваа земја досега успела да имунизира 65,41 проценти од нејзиното население. На оваа листа зад неа се Британија со 64,69 отсто, Унгарија со 50,44 проценти и Србија со 46,09 отсто вакцинирано население. Во табелата на „Статиста“ изостанува Македонија.Според некои податоци, во нашата земја досега се вакцинирани над три проценти од вкупното население, а некои од нашите граѓани или 10.000 се имунизираа во соседна Србија“.Ова е трагикомично. За жалење сте ми велат. Знам им велам Русија и Словенија се грижат за своето население. И ние ќе се вакцинираме и имунизираме за овие 4-5 години. Си мислам одговорност никој не сноси. Одговорниот Филипче, само вели „ се е под контрола“. Да во ХИБРИДЕН СИСТЕМ е само ова.

Па како мислите да се интегрирате во европските стандарди? Ме прашува чичко Цанкар. Му велам, па планираме преку Концептот на Мила Царовска за основно образование. Како, па да ги споиме Историја, Географија, Граѓанско образование, Етика. И што од тоа. Па ќе ја бршиме Историјата, ќе нема прва, втора светска војна. Ќе нема кои биле окупатори во Македонија, сите кои дошле биле администратори, ослободители. Така бараат бугарите, албанците. Ако не се променат учебниците ќе има вето за Европска унија. Знаеш чичко Цанкар, многу биле навредени бугарите. Ни велат „вие македонците имате бугарски корени“. Велат вие – македонците  сте измислени од Тито. Се пред 1944 година било бугарско. Се е бугарско, како така, ми вели чичко Цанкар. Да велам се е бугарско и вие словенците, чесите, словаците  и целиот славјански род е бугарски. На ова оштро ми реагира Гогољ, ми вели: „Пред 118 години загина македонскиот народен херој Гоце Делчев, за идеалите за борбата, на кои овој извонреден револуционер им го посветил својот живот, се релевантни во секое време“ И ми вели Гогољ: „Вие Македонците, треба да знаете дека: „Словенската писменост во Русија е дојдена од македонската земја“. Да велам чичко Гогољ. Како тоа да им го објаснам на овие на власт Зоки, Димитров, Цароска, кои сакаат се што е македонско, да не се пишува, да го збришат, да не се спомнува. И затоа велат наместо Македонија, мојата земја, нашата земја, само не името и презимето МАКЕДОНИЈА. ГОСПОДЕ НЕЗНААТ ШТО ПРАВАТ.

Чичко Гогољ, ми вели, а се надоврзува и чичко Цанкар, потсетете го македонскиот народ: „Јазикот е како генот, ќе опстои ако се негува. Климент Охридски им велел на своите ученици: „ Чувајте го ова што ви го давам! И запомнете-ви го давам за вие понатаму да го давате на народот. И да го браните од туѓинци. А, најубавото ќе го одбраните кога нема да посегате по туѓото, зашто тој што се лакоми по туѓото, го губи и своето!“. Не го заборавајте и аманетот на Конески, дека „Јазикот е нашата единствена татковина“. Но, и на големиот Петре М. Андреевски: „Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не не’ оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да забораваме“…

Се одвоивме со разговорот со моите безмртни Гогољ и Цанкар, со желба да се видиме.  Им ветив дека ќе им ги испратам моите досегашни пишувања по пишаните и електронски медиуми и портали. И за 2022 година… Со поздрав!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес