Разговорите за Брегзитот без успех, продолжуваат во среда

Разговорите меѓу преговарачите на Европската унија и на Велика Британија за британското излегување во вторникот беа завршени во Брисел по три часа преговори и ќе продолжат во средата, соопштија изворите од двете страни.

Функционери на ЕУ изјавија дека разговорите во вторникот не минале добро, пренесува Reuters.

Ниедна страна официјално не објави никакви коментари по средбата, на којашто учествуваа преговарачот на ЕУ за брегзитот Мишел Барние и британскиот секретар за излегување од ЕУ, Стивен Беркли, и државниот обвинетел Џефри Кокс.

Преговарачите се сретнаа за да се обидат да најдат компромис со кој би се овозможило британскиот парламент да го усвои договорот за раздружувањето и да се избегне шокот од брегзитот без договор. Британската премиерка Тереза Меј сака да добие нови гаранции за брегзитот, со надежи дека договорот кој ќе склучи со ЕУ ќе биде усвоен во парламент со 12-ти март.

Доколку пратениците повторно го одбијат пред нив ќе го стави прашањето дали сака да се излее од ЕУ без договор, а доколку и тоа бие одбиено, ќе им предложи „ограничено“ одложување на брегзитот по 29-ти март, кога би требало да се случи најголемата британска надворешна и трговска политика по повеќе од 40 години.