Попладне мало разладување, од утре уште потопло

102

Метеоролозите најавуваат конечно мало разладување. Според прогнозите и денес времето во Македонија ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Повремено ќе дува умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во текот на денешниот ден температурата ќе се движи од 24 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 35 степени.

Попладне мало разладување од утре уште потопло

по денешното мало разладување, во текот на следната недела не очекува сончево и уште потопло времеa
по денешното мало разладување, во текот на следната недела не очекува сончево и уште потопло време

Според најавите на метеоролозите по денешното мало разладување, во текот на следната недела не очекува сончево и уште потопло време со температури на повеќе места над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

Како што најавуваат метеоролозите, од почетокот на следната недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневните температури.

Се очекува температурите во поголем дел од земјава да бидат над 35 степени.

Особено уште потопло време се очекува да настапи кон средината на неделата, кога  долж Повардарието и во југоисточниот дел  дневните температури ќе бидат над 40 степени.

Почитувајте ги препораките

Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, минатата недела донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, во периодот од утре (22 јули) до вторник (28 јули), но по се изгледа ако се земат во предвид најавите од метеоролозите овој временски период ќе биде пролонгиран.

Во истиот период, се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.

Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.

За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Повеќе за препораките на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.