Различни цените на нафтата пред состанокот на ФЕД

Цените на нафтата денеска беа различни пред овонеделниот состанок на американската Управа на федерални резерви (ФЕД), на кој што се очекуваат дополнителни мерки за намалување на програмата за стимуција на економијата.

Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во март поскапе за девет центи на 96,73 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинеле 107,56 долари, односно 32 центи помалку под крајот на минатонеделното тргување.

Пазарите очекуваат да видат дали ФЕД ќе го намалат месечното купување на обврзници за уште 10 милијарди долари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.