Различните мислење во НАТО не се ништо невообичаено, оцени Столтенберг

Не е невообичаено членките на НАТО да имаат различни мислења, изјави во четвртокот генералниот секретар на Северноатлантскиот сојуз, Јенс Столтенберг, зборувајќи за одбивањето на Турција да го поддржи пристапувањето на Финска и Шведска во Алијансата.

„Во НАТО не е невообичаено да се имаат различни мислење за важните одлуки. Кога имате различни мислења, имаме многу искуство со та, седнуваме и го изнаоѓаме решението. Во тесен контакт сме со Финска, Шведска и Турција. Работиме на причините за загриженоста која ја изрази Турција“, изјави Столтенберг за новинарите во текот на посетата на Копенхаген.

Истакна дека верува во „брза одлука“ за приемот на двете земји во НАТО, откако Шведска и Финска во средата ја предадоа официјалната кандидатура за приклучување на сојузот.

Речиси сите земји членки на НАТО позитивно се изјаснија за финското и шведското барање за членство, но Турција се закани дека ќе вложи вето на тоа проширувањето со двете земји. Анкара на двете земји им забележува за ембаргото за извоз на оружје што ѝ го надминија, а особено за давањето поддршка на терористички групации, како крудските PKK и YPG.

Претходно турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара не може да го поддржи влезот на Шведска и Финска во НАТО, бидејќи во тој случај Алијансата ќе стане „место каде што има многу претставници на терористите“. Потсети дека Анкара од Стокхолм и Хелсинки барала но била одбиена за ескрадиција на 33 припадници на PKK и FETO, организација на радикалниот исламистички проповедник Фетула Ѓулен кој долги години е во САД, а е обвинета за обидот за воен преврат во јули 2014 година.