Разлика помеѓу љубов и страст

247

Кога започнувате врска со нова личност и сексот е одличен, лесно е да се залажете дека сте „вљубени до уши“, а всушност не сте. Секако дека љубовта и страста можат да коегзистираат, но според нивното значење, тие се две сосема различни работи.

Тогаш, како да знаеме која од овие две моќни емоции ги доживуваме?

Постојат одредени особини кои ја одвојуваат љубовта од страста, и откако ќе ги дознаете, би требало во вашиот љубовен живот оди многу полесно.

  1. Поврзување

Очекувано е двојките кои се заљубени да се поврзат едни со други преку интимност, но кога сакате некого, исто така сакате да го поврзете и со остатокот од вашиот живот и луѓето во него. Тоа значи дека ќе бидете возбудени да го запознаете вашиот партнер со вашите пријатели и семејството и да бидете среќни да го покажете секогаш кога имате можност да го направите тоа.

  1. Гледате на партнерот како да сте тим

Ако се најдете себеси како го употребувате зборот „ние“, почесто од „јас“, значи дека размислувате како дел од парот, а не како поединец кој се става себеси во прв план. Психолозите ова го нарекуваат „заемност“ или чин на исполнување на вашиот живот, така што функционирате како еднo. На пример, ако сте биле заедно на шопинг минатиот викенд, човек кој е вљубен би рекол: „Бевме на шопинг“, а не „Отидов на шопинг со…(името на партнерот)“.

  1. Желба за споделување и доверување

Кога сакаш некого, сакаш таа личност да знае се’ за тебе, и обратно. Едноставно не се воздржувате или не се обидувате да ги чувате деталите за вашиот живот во тајност. Можеби се плашите да бидете емотивно отворени, сепак сте подготвени да дозволите да бидете ранливи за доброто на вашата врска. Доколку ве прави среќни да го продлабочите вашиот однос и да му дадете поинакво значење на партнерот, значи вие сте вљубени.

  1. Влијание

Кога сте во врска, сосема е природно и се очекува да го земете предвид и партнерот. Ако навистина љубите некого, не само што размислувате за тоа како вашите одлуки можат да влијаат врз таа личност, туку, исто така ги споделувате и вашите проблеми и победи, бидејќи знаете дека можете да се потпрете на нив за поддршка и охрабрување. Но, доколку сте среќни да продолжите да си го живеете животот без да размислувате за партнерот, многу веројатно е сте цврсто во категоријата на страсти.

Страста е привремена, романтиката може да биде убава, но љубовта е најважната работа од сите, бидејќи без љубов, страста и романсата секогаш ќе бидат краткотрајни. – Даниел Стил

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.