17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Разнишана премиерската фотеља на Зоран Заев

Последниот адут на Зоран Заев пресликан во таканаречената Мериот коалиција е сламката за спас и обид да се спаси она што може во ситуација кога парламентарното мнозинство е сериозно доведено во прашање.

Дека Заев ги има на дугме неколкумина тие против кои како лидер на опозицијата се бореше е старо добро познат факт, но од друга страна тоа е најкилавата сламка за која можеше да се фати. Хибридниот режим ќе се скрши на обидот да создаде контролирана опозиција Заев, пишува порталот „Курир“, пренесува НетПрес.

Коалиционите партнери немаат доверба и сметаат дека Владата на Заев е сериозно криминализирана

Пратеникот на власта Павле Трајанов во интервјуто во Дневникот на Сител рече дека Македонија е високо криминализирана држава.

– Тоа е факт. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мора да се справиме. Криминалот разорно дејствува врз целокупниот систем на државата и мора да се менуваат работите. Мора системски промени, мора да имаме заокружен и ефикасен систем. Значи, долго време како партија и јас како претседател на таа партија се ангажираме за проектот декриминализација. Војна против криминалот да се имплементира – рече Трајанов.

Партијата за движење на Турците на конгрес ќе одлучува дали ќе остане во коалиција со СДСМ

Превирања меѓу Партијата за движење на Турците и СДСМ на локално ниво, поточно во Радовиш, се закануваат да се прошират и на теренот на повисоката политика, односно да ја нарушат коалицијата меѓу двете партии на централно ниво.

Енес Ибрахим, пратеник и претседател на Партијата за движење на Турците, вели дека засега останува дел од парламентарното мнозинство, ама нагласува дека понатаму се отворени сите опции, па и таа за напуштање на коалицијата.

Албанските партии се чувствуваат изневерени

Владејачката Беса со која Заев настапи на изборите доведена до непрепознатливост на изборите.

Се подготвуваме за локалните, но и за предвремените избори, изјави Мицкоски убеден дека тие ќе се одржат и покрај ставот на премиерот дека предвремени избори не ни се потребни зашто треба да се фокусираме на економијата.

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за Канал 5 кажа седум пратеници од власта не го поддржаа Никола Димитров, а ова е прв чекор во рушење на оваа власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.