Разобличувањето на лагите и криминалот, лошиот рејтинг во анкетите го натераа Заев да бега од ТВ дуелите

174

Се понадевавме дека ете тргна работата и нашите политичари своите ставови за посветлата иднина на Македонија ќе ги  искажуваат во диркетни „пресметки“ на ТВ екраните пред аудиториум од илјадници нивни гласачи, но, по првото соочување на ТВ Канал 5, нешто се поремети токму од оние кои бараа дијалог и соочувања уште кога беа опозиција. Што и како проценија и оценија во СДСМ по соочувањето на нивниот лидер Зоран Заев со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за брзо да ги избегнуваат наредните дуели, воопшто не е јасно, затоа што според нивните анкети и портали првиот човек на социјалдемократите победил. Ако е така, зошто тогаш бега од нови соочувања, или, како што често знае да каже, дека тој е отворен и комуникативен и секогаш е за дебата.

Дали јавните анкети не се сложуваат со оние кои не се за јавноста?!

Можеби и за Мицковски имаше навивачки анкети, но, по се изгледа, стравот е од вистината дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во голема предност и му се предвидува победа на парламентарните избори  на 12 април, а багажот на натрупаните криминални дејанија на актуелната власт е голем. Соочуавањата ќе бидат уште една прилика на соголување на лагите палсирани во годините на власт, па мудреците го советувале да бега од ТВ-пресметки, наводно Мицкоски не е човек со кого може да се разговара.

Од ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Заев од јавно соочување велат лидерот на СДСМ бега од ТВ-дуел со Христијан Мицкоски затоа што нема аргументи со кои ќе ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот.

„СДСМ е единствената партија во светот која протестира против себеси. СДСМ веќе подолг период не знае што прави. СДСМ го загуби компасот, а сега ќе ги загуби и изборите“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев за Мицкоски ќе рече на трибината во Куманово „Фер општество, шанса за сите“: „Тежок, неодговорен, за многу важни работи не помага на државата. Разбирам дека опозицијата треба да е критична, но треба да е реална и одговорна. Јас бев 21 месец во опозиција“.

Ако се следат движењата и потезите во овој неколкумесечен период, ќе се забележи дека СДСМ има класичен недостаток на гласови за да победи на изборите, иако тоа не и се случило од 2002 година, за која може да се каже дека е единствената чиста победа на парламентарните избори од 1990 година па наваму, бидејќи на изборите во 1994 година имаше бојкот во вториот круг од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Петар Гошев поради многуте неправилности и задкулисни игри.

Затоа, некој од страна, и воочил дека уште еднаш ќе треба да се помолат кај албанското гласачко тело, но за да биде посигурна работата и препорачаа коалција со албанска партија (со Беса). Се уште добиваат поддршка од европската левица, гледајќи во Заев добар спроведувач на нивните одбранбени стратегии со мигрантската криза, а, секако, и со нивните бизнис интереси во регионот.

Да, власта е слатка работа, но има и одговорност. Власта и опива, при што се забораваа заложбите и ветувањата, лакомоста и посесивноста стануваа секојдневна работа која стручно се вика криминал, а народно грабеж.

Покрај видливите работи, како тоа дека нема движења во економијата, инвестиции, промашени закони, многу ветувања а малку испонувања, промашеното жртвување на името, за што доби голема заушка од Европската унија, Заев и СДСМ не ја подобрија економската состојба во државата, туку се уште сме на дното во светски рамки.

Сепак, една работа ги исфрли од колосек и го прикажа вистинското лице на Заев и компанијата, и дома и во светот – случајот „Рекет“.

Овој случај ги откри небулозите во македонското судство и најочигледно го откри државниот рекет од позиција на власт. Заев и негови блиски соработници, а и неговиот брат Вице, не заеја како да се бранат, зашто беа фатени на дело.

Преслушуваните разговори за „трас трас судството“ го разобличија начинот на кој функционира оваа власт и како се договораат пресуди и незаконско носење на закони во Собранието со кои се штити криминалот кој е евидентиран во снимените материјали.

Прашање е до каде отидоа со лагите и манипулирањето на граѓаните?

Дали Заев не сака да зборува за милионите на Вицето.Заев;  за тендерите во Министерството за здравство во кои е замешан минситерот Венко Филипче; за спрегата со судството и зошто нема обвинител кој ќе ја расчисти неговата улога во Рекет 1 и 2; дали затоа што генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е фатен во милионски криминал со Леонардо и Сархемс.

Како да се оправда ваквата „правда“: градоначалникот на Ново Село, Боро Марлборо не одлежа ни три месеци затвор за шверц на илјадници штеки цигари, а некои сиромашни луѓе за десет ќебапчиња лежеа по толку; насилството на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, помина само со опомена за тепање на граѓани. А од завчера станавме првата држава во Европа во која е осуден новинар, токму за случајот за кој и судот и обвинителството го забошотуваат и не можат да ги најдат ниту директните виновници ниту парите. Оној кој што сака парвда го прогласуваат за виновен, а „Рекетот“и понатаму рекетира.

Од правдата избега убиецот на Мартин Нешковски, а на слобода се убијците на децата во Монструм, исто така и Агим Красниќи, амнестирани се над 1000 осудени криминалци.

Заев правдата ја делеше преку СЈО, или како што вели опозицијата „три години нарачуваше по телефон обвиненија преку Рускоска и пресуди преку Кацарска, а се штитеше преку Јовевски“.

Поради вплеткувањето во криминално-коруптивни процеси на Владата на Заев, угледниот Економист ја прогласи Македонија за хибриден режим. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, јавниот долг ја премина психолошката граница од 50 проценти од БДП. Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари за докторите, нема нови болници… Од друга страна, криминални тендери, рекетирање на бизнисмени, криминални грантови за иновации, непотизам, плантажи за марихуана, матни зделки од стотици милиони и камиони кои возат во РЕК. На земјоделците на кои што им ветуваше подобро и поквалитетно земјоделство денес живеат во беда и во агонија. Нема ништо од ветувањата за зелена нафта, поголем пласман на земјоделските производи, за интервентен откуп, гарантен фонд, обештетување од невремињата итн.

Првиот ТВ-дуел даде некои насоки со кои треба да се позанимваат некои институции во државата.

Не го пријавил делото во врска со случајот „Рекет“, а според објавените телефонски снимки дури и на самото судење ги предупредил Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец  дека против нив ќе се води истрага.

Темите за парите од Рекет, за средбата на Вице Заев со Зоран Милевски… лидерот на СДСМ ги одбегнуваше.

Заев пред камери тврдеше дека градоначалникот на ДУИ, Блерим Беџети, не изјавил дека тој му вршел притисок како да гласа кадар на ДУИ во судскиот совет… иако тоа го пренесоа сите телвизии и портали.

Заев тврдеше дека тој и неговиот тим воделе постапка за таканаречени реформи во судството и обвинителството затоа што биле „недозвиливо разногласите“ – Обвинителството да мисли едно, судството нешто друго, а Апелација и Врховниот суд нешто трето, сите треба да постапуваат како што постапува првиот во низата, да го следат Обвинителството. Или кратко кажано, мора да биде „трас трас судство и се останато“.

Заев тврдеше дека се изградени 700 километри патишта во неговиот мандат, а според презентираните официјални документи од Мицковски дека се почнати (а не се ни тие изградени) само два километри автопат до Блаце кон Косово и асфалтирани околу 200 километри локални и регионални патишта кои се изградени далеку порано. Тврдеше дека се градени болоници без да посочи еден пример.

Од капиталните инвестиции посочи 250.000 евра инвестирани во Арачиново за канализација. Со што наиде на потсмев.

Во индистриската зона во Струмица од ветените 14 се изградени 4 фабрики, ама испадана дека ги нема.

За вработувања рече дека во неговиот мандат имало 60.000 нови вработуавња, но не сакаше да каже 40.000 од нив се во државната администрација.

Заев се трудеше да докаже дека Мицкоски е одговорен за политиката на Никола Груевски. Мицковски кажал дека Заев го има унгарскиот број на Груевски и дека разменуваат пораки, а Зоран не го демантираше тоа.

Тешко дека некој политичар дека ќе се одлучи на ТВ дуел кога на галва му стојат сите овие работи. Или, како што изјави во една прилика претседателот Стево Пендаровски „и јас да не бев претседател ќе се иселев“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.