Разобличување на лажните тврдења на Заев по договорите со Грција и Бугарија

201

Вицепремиерот и бугарски министер за одбрана, Красимир Каракачанов, го советува премиерот на Македонија, Зоран Заев, да не ја злоупотребува темата за македонскиот јазик, за да не се прости неговата земја со можноста за членство во Европската унија и НАТО, соопшти денеска прес-центарот на бугарското ВМРО-БНД.

Реакцијата доаѓа по повод изјавата на Зоран Заев пред парламентот на Македонија, во кое наведува дека Преспански договор со Грција признава постоење на македонски јазик и дека никој нема право да го оспори тоа. Но, Каракачанов нагласува дека „преспанскиот“ не создавал „вештачки права“.

„Mакедонскиот јазик кој не е признаен од никого како официјален јазик, да се смета за легитимен на територијата на целата Северна Македонија“, вели Каракачанов.

Како што пренесуваат бугарски медиуми, лидерот на ВМРО-БНД вели дека „ Заев утре може да да побара целосно идентичениот бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик и кај нас, што е недозволиво и провокација“.

Каракачанов уште додава дека работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања оди во насока која не е во корист на историската вистина, бидејќи македонските претставници во неа сакаат да „потврдат лажна историска верзија”.

Во изјавата, како што пренесува бугарскиот портал Њуз.бг, Каракачанов вели дека нема дозволи компромиси со историјата на Бугарија, коментирајќи ја изјавата на Заев во македонскиот парламент дека со Договорот со Грција се признава македонскиот јазик и никој нема право да се спротивставува на тоа.

„Македонските земји се бугарски и тоа е историски факт“, вели Каракачанов и додава дека „нема да прифатам луѓе со нејасни ставови и со обратно читање на историјата да влезат во НАТО и ЕУ, на грбот и за сметка на Бугарија и на историската правда, уште помалку, кои тајно воведуваат македонски јазик“.

Каракачанов се заканува дека доколку виде допуштен макар и еден „невистинит“ историски факт или макар еден историски факт да биде заменет, ќе побара Бугарија да не ја поддржи кандидатурата на Македонија за НАТО и ЕУ.

Вели и дека работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања „оди во насока која не е во корист на историската вистина” и изразува загриженост од фактот што една ипол година по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија не е претставен „список на учебници од македонска страна во кои според тврдењата има националистички, реваншистички, авторитарни тврдења кои ја претставуваат Македонија како новоослободена бугарска земја и се против интересите на македонското општество”.

„Најголемата дрскост од македонска страна е посегањето по приказната за Хан Кубрат, Цар Самуил, Браќата Миладиновци итн., за кои се претендира на историска припадност ”, вели Каракачанов и додава дека е против, како што го нарече „агресивното однесување” на Македонија.

Во писмената изјава бугарскиот министер истакнува и дека „македонските земји се бугарски и тоа е историски факт”. Според Каракачанов, историјата на денешна Македонија е заедничка со онаа на Бугарија до 1944 година, па бара анекс на Договорот за добрососедство во кој официјалните власти од другата страна на границата ќе го признаат тоа.

„Ако се против тоа, нема да добијат наша поддршка за НАТО и ЕУ. Нема да дозволам компромиси со историјата”, предупредува Каракачанов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.