Разочарани шарени револуционери

612

Нема да навлегувам во тезите дали е добро, праведно или правно издржано за едно општество, кое е е длабоко поделено, дали треба или не, да има помирување, па и амнестирање, просто е дегутнатно и толку крајно неинтелигентно да воопшто се говори за тоа. Секако, квази аналитичарите кои наплаќаат за настапи во дебатни емисии мора да ја одолговлекуваат како романите на Достоевски кои ги објавувал во весници само да да траат подолго за да може да преживее.

Глупаците нека кубат коси!

Шарените се почесто ги читам КАДЕ СТЕ – КАКО СМЕЕВТЕ – ЗОШТО НЕ РЕАГИСАТЕ БРЕЈ – ЗОШТО ВАКА ДРУГАРИ – ЈА ПРЕДАДОВТЕ РЕВОЛУЦИЈАТА !!!

Е па дечки „риалити чек“, како прво, драга умисленa стоко шарена чие најголемо достигнување во животот ви е полнење кондоми со боја  и пцуење јавни чичности, политичари и полицајци, стварно сеуште се залажувате во сопственото повраќање и си го локате, дека вие ја срушивте власта? Дека вие сте ослободителите? Дека вие го срушивте режимот? Бедници!

Вие бевте само влаканата од метлата, врзани за стап кој го раководеа структури со такви гаргатунаски пропорции да вашиот учипен ретардиран и предавнички ум не може да исперцепира сеопфатно. Вие сте и бевте корисните будали и потрошна роба, но ете прифатете, херојски се спичкавте џиткајќи се „ласта“ у плитка вода мислејќи дека е океанот на првадата и слободата.

И кога се напумапавте со правдољубиовост, дека вие ќе затварате, судите, праќате по гулази и сите наци срања (кои за воља на вистината од другата страна ги правеа и некои мои колеги – до мојега – па и они наебаа) со кои се заканувавте, тој што ја држи метлата ви ја зачукува каде сонце нефаќа и вие пеете сега О, соле мио?

Сори дечки, допрва ќе го вкусите отпадот во септичката јама на историјата и општеството каде ќе завршите, затоа што се самобендисавте и искурчивте до небеса. Прифативте да бидете дел од една голема глобална игра да ја играте локално, а таквите игри секогаш, ама секогаш се, и мораат да бидат флескибилни бидејќи, иако е борба, таа секогаш завршува со договори, преговори и компромиси. Арно ама вие умислени и убедени дека ако во мигот тоа што го правите е правилно, дека така мора да остане за век и веков? Дека времето не тече, дека условите не се менуваат, дека други карти и позиции се на масата.

Не можете ништо друго освен да се се исушите како лепешка на сонце, ако не почнете и да се движите, тврдоглави исчезнувате затоа што егото ви е десеткратно поголемо од интелектот и заради тоа ја плаќате личната сметка, на разочараност, апатија. Никој не ви е виновен, сами се фрливте во канализација, едноставно работите се димнамични и врват, а вие урлате АМА ЕВЕ СМЕ ГО ОСВОИМЕ ВРВОТ, КАДЕ ОДИТЕ ЗОШТО НЕ ОСТАВАТЕ?

Ах, колку сакам да ви се ситам, ама за жал прв ќе бидам кој ќе ви подаде рака, затоа што пак јас така сум учипен, со некоја морална христијанска форма, но оние ваши кои веќе намирисаа каде се новите ветришта и ќе се прилагодат, они живи ќе ве закопаат. Револуцијата ги јаде своите деца, а канибалите веќе почнаа да се мезат со вас.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Skin Delight