Разочарувачки резултати во борбата против корупцијата

Група држави против корупција (ГРЕКО), тело на Советот на Европа за борба против корупција во својот најнов извештај за Македонија оценува дека “нема опиплив напредок“ во оваа област, односно резултатите се очигледно разочарувачки и ги повикува властите да преземат конкретни мерки во однос на препораките дадени пред четири и пол години. Според ГРЕКО, само шест од деветнаесет препораки се имплементирани.

„Во однос на пратениците ниедна од препораките не е имплементирани ниту делумно, освен кодексот за пратениците. Што се однесува во судиите и обвинителите, извештајот констатира дека земјата направила ограничен напредок, се вели во соопштението

ГРЕКО го истакнува усвојувањето на амандманите за законот за Судскиот Совет. Телото ги посочува и контроверзните поврзани за Државната Комисија за спречување на корупцијата и недостатокот на напредок во изјавите за имоти и интереси.

ГРЕКО заклучува дека ниското ниво на усогласеност со препораките е „глобално незадоволително“ и бара од шефот на делегацијата за Македонија да презентира нов извештај за напредокот во имплементацијата на препораките што е можно побрзо, најдоцна до 30 јуни 2019.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.