Разочарување помеѓу симпатизерите и членовите на СДСМ: Гледате зошто се борел Заев?

Разочарување помеѓу симпатизерите и членовите на СДСМ. Незадоволни од неговите предлози за министри и заменици министри тие велат дека од ваквата одлука корист ќе има само опозициската партија.

Нивното разочарување е евидентно и во коментарите и статусите на социјалните мрежи што тие ги споделуваат. Како што велат, сега сфатиле за што се борел Заев и констатираат дека тој ветувал се, а се грижел само за своите најблиски партиски соработници.

Социјалните мрежи вријат со осуди на сметката на Заев.

Ова се само дел од пораките кои досегашните поддржувачи на СДСМ ги испраќаат до челниците од Бихаќка и нивните симпатизери:

fb-sdsm-3

-Гледате зошто се борел Заев? Каде е оној Заев од пролетта? за ова ли се бореше? За фотелји на истите луѓе од СДСМ. Искрено друго и не очекував, сепак потајно се надевав дека не е онаа истата СДСМ.

-Демек, СДСМ се стремел во МВР на чело да бидат непартиски лица или таканаречени професионалци. А сега еве става генерален секретар за министер. Браво другари ја научивте лекцијата! Учете од политичкиот опонент и практикувајте ја неговата стратегија која како така го одржа на власт 10 години.

fb-sdsm-5

-Човече, како можеш да му вртиш грб на членството! Ние ти ветувавме бе нека не ти перат мозок за 2 фотелји за Оли и Фрос. Барај повеќе. Биди силниот Заев кој го знаеме.

-Пушка не требаше ама тоа што ветуваше. Македонија една изборна единица, прочистување на списоците и многу други, што со тоа? Политика со Шекеринска, Бранко и други што ги затворија фирмите. За таква зборуваш? Епа нека ти е наздравје!

fb-sdsm-4

-Заев на преговорите гледаше како шанса да го згрижи најтесното раководство. СДСМ влегува повторно со истрошени и некредибилни кадри. СДСМ очигледно тоне.

-Ве извеслаа ВМРО-вциве.

-Заев, кај ти е паметот?

fb-sdsm-2

-Изгледа бродот што тоне е СДСМ. И сега Заев ги спасува најблиските со делење на функции! Брука! Заев, дали вака бевме договорени?

-Лесно ти е тебе Заев, се гледа само фотелја ти е во умот. Срамота тешко на тие што ти верувавме.

fb-sdsm-1

-Овој е тој силниот Заев? Ветуваше планини и брда, се задоволи со две фотелји.

-Оооф! Што да кажам. Заев ме разочара мене, го разочара цело СДСМ, ги разочара сите! Сите до последна капка се боревме, а сега кај е да ни донесе фала? Само за Фросинка и Оливер фала има?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.