Разоткриен огромен хакерски напад врз САД?

Кина вметнувала шпионски микрочипови во ИТ-опрема, главно сервери, кои биле извезувани во САД. Дури 30 американски компании се погодени од оваа операција, вклучувајќи ги американските државни служби, но и технолошките гиганти како што се Епл и Амазон, пишува Блумберг.

Во експлозивниот извештај на Блумберг, кој можеби го открива најголемиот хакерски напад во изминатите неколку години, се вели дека зад хакерската акција стои специјален оддел на кинеската армија. Од таму ги принудувале кинеските производители на ИТ опрема да ги стават во серверите, поточно во матичните плочи, кои ги извезуваат во САД минијатурни микрочипови кои се маскирани како другиот тип на компоненти, сигналниот уред.

Тие не беа поголеми од оризови зрна, но способни да „собираат информации и да остават нови линии на кодови како вирусот тројански коњ. Преку нив Кинезите можеле да ги контролираат овие уреди со цел да собираат чувствителни државни информации, како и внатрешните тајни на големите американски корпорации, објави неименуван државен службеник.

Амазон и Епл, наводно со внатрешна истрага неодамна го откриле компромитираниот хардвер, го пријавиле до американските власти и тивко се „решиле“ од опремата. Очекувано, двете компании го негираат ова.

Амазон во официјалниот демант пишувањата на Блумберг ги нарекува невистини и тврди дека „не знаат за било какви малициозни чипови од Кина. Подеднакво остри беа и од Епл.

Сакаме да бидеме многу јасни. Епл не најде никакви микрочипови, хардверски манипулации или намерни недостатоци во серверите, стои во нивниот одговор.

Иако компаниите негираат, а разузнавачките агенции на САД се уште не се огласија, Блумберг нуди детални информации како бил споведен шпионскиот напад. Тие, исто така, велат дека нивниот извештај е заснован врз интервјуа со 17 лица, вклучително и шестмина сегашни и поранешни службеници во Националната безбедносна агенција, како и двајца доушници од Амазон и тројца од Епл.

Во центарот на шпионската операција, според Блумберг, е фирмата Super Micro Computers од САД. Компанијата е најголемиот светски добавувач на матични плочи за сервери, а повеќето од компонентите се произведени токму во кинеските фабрики. Заедно со стотици други компании, Super Micro Computers е снабдувач на опрема за американската компанија Elemental Technologies, која од 2015 година е сопственост на Амазон. Оваа компанијата наводно бил примарна цел на кинеската шпионска акција бидејќи нивните уреди се наоѓаат во центрите за податоци на Министерството за одбрана, беспилотните летала на ЦИА, мрежните уреди на Морнарицата и во опремата која ја користа Епл и Амазон