Разрешен албанскиот претседател Илир Мета

Партијата на премиерот Еди Рама предложи да биде отповикан претстедателот Илир Мета, откако тој го поништи указот за распишување на локалните избори за 30-ти јуни.

За да стане конечна, одлуката на албанскиот парламент мора да биде потврдена од Уставниот суд, но тој во моментов не функционира бидејќи повеќето судии се разрешени, објави Al Jazeera balkans.

Според Уставот на Албанија, претседателот на државата може да биде разрешен поради сериозно прекршување на Уставот или сторено кривично дело. Во обраќањето пред парламентот пред гласањето, Рама рече дека одлуката на претседателот за одложување на локалните избори е „досега непознат чин во историјата на светското владеење“.

Според него, „парламентот е должен да реагира од името на народот кога претседателот ќе полуди“.

„Ако светот влезе во логиката на Мета дека секој потпис на некој авторитет може да биде повлечен, повеќе нема да постојат државата, правилата, насоките, туку целиот свет би бил една голема гужва“, рече Рама.