Разрешен директор бидејќи бил на протести на „За заедничка Македонија“

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, тргнува во пресметка со своите и на СДСМ политички неистомисленици. Имено истата без основа го разрешила директорот на средното стручно училиште „Моше Пијаде“ – Тетово, Александар Бачевски. Арифи без одлука на училишен одбор (УО) на училиштето и без мислење на Просветен инспектор, сама донела нелегално и нелегитимно решение со кое го разрешува истиот, објави „Курир“.

-На ден 11.5.2017 година во 14:30 часот ми беше врачено решение за разрешување од позиција директор од градоначалничката Теута Арифи. Јас го прифатив решението, го потпишав меѓутоа остана една дамка по 3 години и 3 месеци успешно работење каде сме успеале да рестартираме автошкола, млекара, спортска сала, стакленик, комплетно реновирана нова зграда, средување на училишните дворови. Успеавме да ја донесеме спортската академија која веќе треба година функционира, се случи ова. Денес извршивме примопредавање на новиот директор Афродита Хамити, инаку вработена професорка по информатика. При доставување на решението, тоа е комплетно невалидно од правен аспект затоа ќе следува обжалување, а друга страна е среќна околност е што директорката е од нашиот училишен центар која ми го врачи решението за професор по спорт и спортски активности. Мислам дека успешно ќе ме замени од позиција на директор. Единствена причина зошто сум разрешен е дека сум бил на протестите на „За заедничка Македонија“, тоа на секој Македонец треба да му биде чест и достоинство, ова е демократија и 21 век и секој може слободно да си ја изрази својата волја, вели разрешениот директор Бачевски.

resenie

Арифи, грубо го прекршила законот и донесеното решение од нејзина страна е без правна основа. За да може истата да донесе решение за разрешување треба УО на училиштето да донесе одлука со кое директорот се разрешува, пропратено со мислење на Просветен инспектор, која одлука ќе биде само потпишана од страна на градоначалникот, во случајот Арифи.

Законот според кој се именува и разрешува директор на средно училиште е Законот за средно образование, во чл.93 од Законот за средно образование се наведени основите за разрешување на директорот, во конкретниов случај ниту еден од наведените основи не е исполнет.

Доколку се претпостави дека има основ, кој во случајот го нема, постапката на разрешување би одела според чл.93-б. Имено според чл.93-б постапката за разрешување на директорот се поткренува од УО на училиштето, кој донесува заклучок во писмена форма, кој заклучок му се доставува на директорот, тој има рок од седум дена од приемот да се изјасни за наводите во истиот, доколку УО не го прифати изјаснувањето на директорот истиот свикува седница во рок од три дена на  која повикува претставник од државниот просветен инспекторат кој врши интервјуирање и дава мислење за разрешување на директорот.

Откако ќе заврши целата процедура, УО предлогот за разрешување го доставува до градоначалникот.  Разрешениот директор во рок од 15 дена од приемот на решението има право на жалба на истото. Ништо од ова не било испочитувано, туку едноставно градоначалничката се ставила во функција и на УО и на Просветен инспекторат  и решението го донела сама без почитување на законите на Република Македонија.

Ваквиот однос на Арифи е само показател дека двоецот ДУИ и СДСМ тргнуваат во инсцинирана политичка пресметка и шиканирање на партиски неистомисленици. Теута Арифи со ова на дело ја спроведува политиката на Зоран  Заев за „јадење на живи луѓе“ и покажува како двоецот СДСМ – ДУИ планира да функционира во иднина доколку формираат влада.