13.5 C
Skopje
четврток, октомври 17, 2019

Разрешени директорите на две клиники

1438

Од директорската функција на Клиниката за детска хирургија е сменет Ристо Симеонов, а на негово место е назначен Лазар Тодоровиќ. Оставка на директорското место на Клиниката за рентгенологија и радиологија си дала Елизабета Стојовска, пишува порталот НоваТВ.

Министерот за здравство Венко Филипче за порталот ги потврдил смените на двете клиники.

Смени се очекуваат и на клиниките каде што имало директори од Алијансата на Албанците – клиниките за очни болести, кардиологија и стоматологија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.