Разрешен директорот на ЈП Улица и патишта, фатен е со кокаин

295

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил известува дека досегашниот директор на ЈП Улица и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од досегашната функција.

Разрешувањето, наводно, следува откако при преглед бил фатен со поголема количина на кокаин од страна на полициски службеници.

Како што пишува Лидер, при претресот кај него била пронајдена поголема количина на кокаин, а против него ќе се води постапка само како да е корисник.

На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, – стои во билтенот на МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.