Разрешен поротникот Митко Сандев! Дали „Титаник“, „Тендери“, „Талир“ и „Топлик“ почнуваат одново?

Поротникот од Кривичниот суд Митко Сандев денеска е разрешен од Судскиот совет на барање на претседателот на скопскиот кривичен суд Иван Џолев, јави Телма.

Сандев заминува поради тоа што тој наполнил 60 години и според законот со ова му завршува поротничкиот мандат.

Тој е член во Судечки совет на три предмети на СЈО коишто се водат во судот, меѓу кои и еден од најобемните е „Титаник“.

Со заминувањето на спорниот поротник овие судски процеси ќе треба да започнат од почеток кога ќе биде назначен нов судија поротник.

Од Судскиот совет за Телма потврдуваат дека испратиле иницијатива до Министерството за правда поради тоа што во законите постојат противречности коишто им ја отежнуваат работата, токму во вакви ситуации кога треба да се разрешуваат судии или поротници.

Претходно беше разрешен и судијата Горан Бошевски поради што уште три случаи иницирани од СЈО ќе започнуваат од почеток. Во еден од нив судија поротник беше Сандев што значи дека пет важни предмети кои ги водеше СЈО а потоа ги презеде Јавното обвинителство.

ВМРО ДПМНЕ преку претседателот Христијан Мицкоски неколку пати јавно бараше поротникот сам да се повлече оти ја исполнил законската граница од 60 години за тој веќе да не може да биде поротник во случаите каде беше делегиран.

Разрешувањето на поротникот Митко Сандев значи дека по неколку години судење, „Талир 1“,„Титаник“ почнуваат од ново.