Разрешувањето на Јанева најдоцна до недела

Седницата на која што ќе се гласа за разрешување на Катица Јанева од функцијата специјален јавен обвинител ќе биде закажана утре или најдоцна во сабота.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели доколку се сака работата да биде завршена до 15-ти септември тогаш седница мора да биде закажана што поскоро. Џафери денеска објасни дека точката не ја ставал на дневен ред бидејќи имало договор меѓу партиите во Собранието да се почека со гласањето . Но, сега, вели собранискиот спикер има иницијатива од пратениците за да се заврши постапката за разрешување на Јанева.

Во исто време од ВМРО ДПМНЕ обезбедија потписи и побараа итна седница за Јанева. Во опозициската партија сметаат дека Јанева треба што поскоро да се разреши и да се има време до 15-ти септемвир да се избере нов специјален обвинител.