Разузнавање на САД: Русија работи против Бајден, Кина сака да го спречи реизборот на Трамп

Челниот функционер на американската контраразузнавачка служба во петокот тврдеше дека Русија, Кина и Иран се обидуваат да влијаат врз американските претседалтески избори.

Во исклучителното невообичаено јавно објавување, дирекорот на Националниот контраразузнавачки и безбедносен центар, Вилијам Еванина, тврди дека овие земји користат онлајн дезинформации и други начини во обидот да влијаат врз американските гласачи, предизвикување безредија и поткопување на довербата на американските гласачи во демократскиот процес.

„Противниците однадвор, исто така, би можеле да се обидат да се вмешаат во американскиот изборен систем, обидуваејќи се да го саботираат процесот на гласање, да ги крадат изборните резултати или да ја доведат во прашање веродостојноста на изборните резултати“, предупредува Еванина во, како што се чини, обидите да се промовираат инцијативите за гласање по пошта на што се противи републиканскиот претседател Доналд Трамп кој смета дека овој модел носи можност за манипулирање со гласовите.

Изјавата на Еванина е дадена на само три месеца пред американските претседателски избори кои и онака ќе бидат контроверзни бидејќи веројатно ќе се одржат во услови на ограничување поради пандемијата на коронавирусот. Покрај тоа, доаѓа многу набрзо по неодманешната критока од претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот во кој Демократската партија има мнозинство, Ненси Пелоси, инаку еден од најжестокит противници на републиканскиот претседател, дека разузнавачката заедница задржува информации пред јавноста за наводно закани за странско мешање во американската политика, првенствено целејќи на наводната поддршка на Москва за Доналд Трамп.

 

Бајден дел од „антирускиот естаблишмент“ во Вашингтон

Истрагата на американските разузнавачки агенции резултираше со „заклучокот“ од 2017 година дека Русија се мешала во изборната кампања во 2016-та за да ја зајакне позицијата на сегашниот претедател Доналд Трамп и ги поткопала шансите на неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон. Притоа никогаш не беа понудени никакви докази за овие тврдења. Потоа и двегодишната истрага на истата тема на специјалниот обвинител Роберт Мјулер дојде до заклучок, исто така без докази, дека Русија правела обиди за вмешување во изборите, но дека не влијаела врз изборниот резултат.

Еванина во петокот тврдеше дека Русија „веќе оди на“ поранешниот потпретседател Џон Бајден, кандидат на Демократската партија, за кого таа го смета за дел од „антирускиот американски естаблишмент“.

„Тоа е во согласност со јавните критики на Москва на негова адреса (Бајден) уште кога тој беше потпретседател, за неговата улога во политиката на администрацијата на (претседателот Барак) Обама во однос на Украина и поддршката на антипутинската опозиција во Русија“, рече Еванина.

Покрај тоа, според Еванина, личности кои биле наводно поврзани со Кремљ настојуваат на социјалните мрежи и руските телевизии да ја поддржат кандидатурата на Доналд Трамп. Ова е најотвореното сугерирање на разузнавачите за американската јавност дека Русија наводно го преферира и работи за Трамп во изборната трка во ноември 2020 година.

Како пример за тоа, Еванина го наведе „прорускиот“ пратеник во парламентот на Украина, Андриј Деркач, кој според него „шири обвинувања за копруција, вклучително и преку телефонски разговори кои протекуваат во јавноста“ за „да ја поткопа кандидатурата на Бајден и на Демократската партија“.

Ваквото тврдење во дел во американската јавност се толкува како обид да се минимизираат тврдењата на кампањата на Трамп дека Бајден во времето кога беше потпретседател влијаел врз тогашниот украински претседател Петро Порошенко да ја запре истрагата за корупција за фирма во чиј врв бил неговиот син. Хантер Бајден во 2014 година, по превратот во Киев, станал член на управниот одбор на најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma“ кога неговиот татко Џо Бајден стана главен човек во САД задолжен за Украина. Младиот Бајден земал 50.000 долари месечно иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергијата. Потпретседатлот Бајден, според републиканците, му се заканил на тогашниот украински претседател Петро Порошенко со запирање на американската помош за да го присили да го отпушти главниот државен обвинител кој ја истражувал корупцијата во компанијата, а меѓу другите бил истражуван и Хантер Бајден.

 

Кина не посакува втор мандат на Трамп

Шефот на американското контраразузнавање оцени и дека Кина го зголемува своето влијание во пресрет на претстојните претседателски избори во САД, со цел да го спречи реизборот на Трамп. Пекинг го смета актуелниот претседател за непредвидлив, оцени Еванина. Тој смета дека Кина „ќе продолжи да ги мери ризиците и придобивките од агресивното однесување“. Меѓутоа, притоа се забележува многу поголема воопштеност во описот на кинеските акции и отсуствува оцената дека со нив се фаворизира изборот на демократскиот кандидат Џо Бајден.

„Според нашите процени, Кина би сакала претедателот Трамп, кого Пекинг го смета за непредвидлив, да не биде реизбран. Во пресрет на (трети) ноември 2020 година, Кина ги проширува своето влијание за да ја обликува политичката клима во САД, вршејќи притисок врз политичари чиишто интереси, според нивно мислење, се спротивни на кинеските интереси, како и да се спротистави на критиките на адреса на Кина“, се наведува во писмената изјава за јавноста на директорот на американскиот Национален центар за контраразузнавање и безбедност.

Еванина процени дека Пекинг „ќе продолжи да ги мери ризиците и ползата од агресивните активности, но во своите јавни објави во последните неколку месеци сѐ почесто ја критикуваат реакцијата на сегашната администрација (на САД) на Covid-19, затворањето на кинескиот генерален конзулат во Хјустон и други проблеми“.

Според оцената на американското контраразузнавање, Кина „остро ги критикива изјавите и активностите на американската админситрација во однос на Хонгконг, за видео-сервисто TikTok, полагањето право на Јужнокинеското Море и напорите на Кина да доминира на пазарот на 5G мобилните мрежи. Пекинг признава дека сите овие напори може да влијаат врз претседателската трка“, заклучува Еванина.

Кон крајот на јули портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин по сличните изјави од Вашингтон, дека Кина не е заинтересирана за мешање во американските претседателски избори и го замолува американските политичари да престаната да прават конструкции и да шират шпекулации, како и да ги обвинуваат кинеските компании. Дипломатот потсети дека одамна САД бараат разни изговори за да вршата притисок врз кинеските компании и економијата на земјата.

 

Иран „веројатно“ се меша, реакција на кампањаа на Трамп

Еванина во извештајот истакнува дека Иран веројатно ќе користи онлајн тактика како што е ширењето на дезинформации за да ги дискредитираат американските институции и претседателот Трамп и да предизвикаат незадоволство кај американските гласачи.

„Мотивацијата на Техеран да презема такви активности делумно е поттикната од перцепцијата дека реизборот на претседателот Трамп ќе резултира со продолжување на американскот притисок врз Иран во настојувањето да предизвика промена на режимот“, тврди Еванина.

Челниците на сенатскиот комитет за национална безбедност, републиканецот Марко Рубио и демократот Марк Варнер му се заблагодарија на Еванина на неговите предупредувања и додадоа дека „сите Американци би требало да вложат напор да ги спречат надворешните учесници да бидат во можност да се мешаат во нашите избори, да влијаат на нашата политика и да ја поткопуваат довербата во нашите демократски институции.

Потпаролот на изборната кампања Том Мартог, рагирајќи на оваа изјава, рече дека Трамп беше „потврд кон Русија од која и да е претходна администрација во историјата“. „Не ни е потребно, ноти сакаме странско мешање, а претседателот Трамп чесно ќе го победи Бајден“, порача.

Оваа ќе биде многу необична година за американските гласачи. Се очекува дека пандемојата на короанвирусот ќе натера многу гласачи во САД да гласаат преку пошта, што во најмала рака би можело да го одложи објавувањето на изборните резултати, дури и за неколку месеци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.