Развеани знамиња, дожд и поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА од Свети Николе

Граѓаните на Свети Николе вечерва повторно одржаа масовен протестен марш низ улиците на градот за да дадат поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која веќе 36 дена протестира против Тиранската платформа.

Светиниколчани упатија цврста порака дека сакаат унитарна, самостојна и независна Македонија. Тие велат дека нема да дозволат да се наметне Тиранската платформа.

Освен во Свети Николе, протестни маршови вечерва се одржаа во над 40 градови и населени места низ Македонија.