Развиен систем на вештачка интелигенција кој го толкува плачот на бебе

Плачот на бебето бара внимание, но на загрижените родители честопати им е тешко да разберат во што точно е проблемот, па група американски научници развила систем на вештачка интелигенција кој може да разликува кога плачењето на бебето е предизвикано од глад, кога поради недостиг од телесен контакт, а кога е поврзан со болести.

Родителите често го интерпретираат плачот на своите бебиња, иако околу тоа често не се согласуваат или грешат, бидејќи секој вид на плачење има одредени заеднички обележја кои родителите ги препознаваат свесно и несвесно. Иако идентификувањето на урнеците вткаени во какофонијата на детскиот плач било претешко и за научниците, најновите апликации на вештачка интелигенција нудат решенија.

Резултатите од едно вакво истражување заедно ги објавија американскиот Институт на инженерите по електроника и Кинеското здружение за автоматизација. Нивниот систем користи алгоритми за автоматско препознавање на говорот, кој го користат и компаниите како „Google„ и „Amazon“, за да ги препознаат и интерпретираат различните карактеристики на плачот на бебето.

„Како и во одеден јазик, во звуците од плачот постојат многи информации поврзани со здравјето“, вели Личуан Лиу, професорка на универзитетот на Северен Илиноис и една од учесничките во истражувачкиот тим.

„Разликите меѓу звучните сигнали всушност носат информации. Тие разлики се претставени преку различните форми на сигналот на плачот. За да се препознае и искористи информацијата, треба да ги издвоиме обрасците од плачењето и од нив да ги извлечеме информациите“, појаснува Лиу.

Таа посочува дека „крајната цела е здравјето на бебињата и помалиот притисок врз родителите и негувателите“. „Бараме соработка со болниците и центрите за медицински истражувања, и се надевеме дека ќе имаме производи за клиничка употреба“, додава Лиу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.