Разводот причина за влошување на здравјето и зголемена смртност кај мажите

Разводот, разделбата и живеењето сам честопати се причина за влошување на здравјето кај мажите и доведуваат до зголемена смртност. Ова го откриле научниците во ново истражување.

И претходни истражувања покажаа поврзаност меѓу социјалната изолација (осаменоста) и повисоките стапки на болести. Западните општества имаат највисок раст на луѓе кои живеат сами. Ова ги натера научниците да побараат поврзаност меѓу осаменоста и заболувањата. Неодамнешен труд од Данска го открива токму тоа – разделбата, разводот, смрт на сопружникот, а потоа и осаменоста доведуваат до здравствени проблеми. Написот е објавен во лондонскиот „Журнал за епидемиологија и јавно здравје“ (Journal of Epidemiology & Community Health).

Проф. Рике Лунд од Универзитетот Копенхаген во Данска ги проучува средовечните луѓе кои живееле најмалку 26 години во некаква партнерска заедница.

Ова е прв труд којшто ги испитува влијанијата и последиците од осаменоста во покус или подолг временски период и доживување на еден или повеќе разводи или разделби по долга љубовни врска. Во истражувањето учествувале 4.835 луѓе на возраст од 48 – 62 години. Кај луѓето кои живеат сами повеќе од седум години, има зголемување на ризикот од болести за 12 отсто.

Истражувањата не откриле таков ефект кај жените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.