РБ Лајпциг го освои германскиот куп

Фудбалерите на РБ Лајпциг првпат во клупската историја го освоија Купот на Германија, откако во неделата во Берлин го совладаа Фрајбург со 5:3, по подоброто изведување на пеналите.

Фрајбург поведе во 19 минута преку Максимилијан Егештајн и се чинеше дека е блиску до освојување на трофејот кога Марсел Халштенберг од Лајпциг во 57 минтуа доби црвен картон. Сепак, Кристофер Нкунку израмни во 76 минута и избори продолженија во кои немаше погодоци а во 118 минута Лајпциг остана и без исклучениот Кевин Кампл, па победникот беше решаван во пенал рулетот.

При изведувањето на ударите од белата точка четири играчи на Лајпциг беа прецизни, додека кај Фрајбург Демирович и Гинтер не реализираа.

РБ Лајпциг од декември го презема германскиот стратег Доменико Тедеско, и под негово водство клубод го зазема четвртокот место во германското првенство и пласман во групната фаза од Лигата на шемпионите следната сезона, а годинава во Лига Европа дојде до полуфиналето.