Реџепи до Владата: Ако не помогнете на ИВЗ ќе ги повлечам повиците за заштита од пандемијата

109

Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи упати закана до вицепремиерот Бујар Османи и до владат дека ќе ги повлечат повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош.

Тој ова го вели во гостување на емисија на верска организација.

Реџепи вели дека пратиле порака до Османи како координатор на кризните штабови да им го дадат нивниот дел од помошта. Тој додава дека досега немаат одговор од владата.

– Ќе пуштиме пак барање, ако не ни одговорат знаеме како да ги потсетиме. Зошто не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата… рекол Реџепи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.