Рејтингот на Бајден по сто дена власт еден од најниските во историјата

Малку над половината од Американците имаат довербата во американскиот претседател Џо Бајден околу симболичиниот праг од првите сто дена од неговото доаѓање во Белата куќа, и е еден од најниските во историјата на САД, покажуваат резултатите објавени во неделата од анкетата која ја спровеле весникот The Washington Post и телевизиската мрежа ABC News.

Претседателствувањето на Бајден во оваа истражување го одобруваат 52 отсто од испитаниците, што претставува третата најслаба поддршка не американски ченик од 1945 година, подобар само од довербата по првите сто дена на претседателот Џералд Форд со 48 отсто и неговиот претходник Доналд Трамп со 42 отсто кој имаше 53 отсто негативна перцепција во април 2017 година.

Според анкетата, 52 отсто од испитаниците „недвосислено“ или „делумно“ ја одобруваат работата на Бајден, од кои 90 проценти се демократи, 47 отсто се независни и 13 отсто од нив се републикански гласачи.

Наспроти нив, 42 отсто од испитаниците изразиле неодобрување на дејствијата на Бајден. Генерално, 34 отсто од испитаниците изјавиле дека „силно ја одобруваат“ неговата работа, а 35 проценти дека „категорични не ги одобрувааат“ активностите на претседателот.

Значителен процент, односно 64 отсто ја одобруваат политиката на Бајден во борбата против коронавирусот, додека 52 осто од испитаниците ја одобруваат економската политика на актуелниот претседател на САД. Далеку помалку испитаниците се изјасниле позитивно за акциите на миграциската криза на границата со Мексико, и ја одобриле само 37 отсто од испитаниците.

Високи 60 отсто од анкетираните сметаат дека демократскиот претседател мора да ја побара поддршката од републиканците во Конгресот, додека 30 отсто сметаат дека Бајден може да дејствува независно.

Пакетот мерки за стимулирање на економијата погодена од коронакризата ја одобруваат 65 отсто од Американците, а 31 отсто се против. Планот на Бајдеи да инвестира два трилиона долари во инфраструктирните проекти го одобриле 52 отсто а 35 отсто се спротиставиле.

Телефонската анкета била спроведен во периодот од 18-ти до 21-ви април на англиски и на шпански јазик, а со неа биле опфатени 1.007 полнолетни испитаници. Маргината на статистичката грешка изнесува 3,5 процентни поени.