Реакција на албанската полиција за нејзината улога во заплената на околу 1,2 тони кокаин од Карибите во Грција

55

Албанската државна полиција реагираше по акцијата во Грција, во која завчера вечерта беа запленети околу 1,2 тони кокаин прошверцувани од Карбите преку Албанија,во која како што се наведува играла значајна улога со проактивна истрага.

-Во оваа операција, албанската државна полиција директно учествуваше во проактивните истраг што беа спроведени за да се помогне во идентификувањето на членовите на организацијата, нивните индивидуални улоги и начинот на кој функционираше криминалната организација, што ни овозможи неговиот состав и активност целосно да се идентификуваат и утврдат, соопшти албанската полиција.

Се додава дека операцијата е во тек и Државната полиција ги извршува своите должности во тесна соработка со сите актери вклучени во операцијата за идентификување на други лица вклучени во оваа криминална активност тоа во Албанија,Грција и Шпанија.

Инаку, со оваа криминална организација раководел албанскиот државјанн Александер Пемај(41),познато име во светот на албанскиот криминал во Грција.Меѓу осумте уапсени шестмина се Албанци.

Како доказен материјал освен запленетите 1.181 килограми кокаин кој на пазарот вреди над 50 милиони евра, заплените се и 231.000 евра во готово, три пиштоли, еден калашников, пет моторни возила и 19 мобилни телефони.

Дрогата е пронајдена при претрес во стан изнајмен во Астакос. Дрогата била транспортирана со едрилица и била наменета за нелегалниот пазар.

Акцијата била финализирана по шестмесечна истрага во соработка со канцеларијата на ДЕА на американската амбасада во Атина и со албанските и шпанските полициски власти.

Инаку, според албанската полиција вчера во Солун запленети се околу 24 килограми херони над 400 грама кокаин при што уапсени се четворица албански и тројца грчки државјани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.