Реакција на „Македонски Манифест“: Итно да се запре евроатлантскиот инфо-фашизам

Реакција на „Македонски Манифест“ по повод санкционирањето на руските информативни сервиси и на руската култура и уметност.

Од „осамостојувањето“ на Република Македонија, па сѐ до денес, интелектуалната, „експертската“ и политичката фела неуморно и ревносно проповедаа(т) за „слободата на говорот“ и „слободата на мислата и пристапот до информации“ како некакви си темелни вредности на евроатлантското семејство кон кое се стремиме – и покрај тоа што ова семејство јасно и гласно ни стави (и уште ни става) на знаење дека ние сме негово непожелно копиле: „Македонски Манифест“ уште од своето постоење ги документираше и реагираше против перфидната и антицивилизациска политика на ЕУ и НАТО против Македонија, насочена против нејзиниот идентитет, територијален и политички суверенитет и нејзиниот државно- правен поредок и легитимитет. Но добро е што најпосле, маските паднаа. А зад нив зјапна безличјето на лицемерите. Да ги именуваме и да ги разобличиме:
1 „Македонската“ влада неодамна упати повик до кабелските оператори да ги блокираат руските ТВ канали во Македонија, „солидаризирајќи се со“ (читај: покорувајќи се на) политиките на нашите западни „партнери и сојузници“ (читај: неприкосновени господари), а сѐ со цел да се спречеле дезинформации и руска пропаганда (читај: се со цел западната пропаганда да остане единствената и неоспорена вистина). 2. „Македонски телеком“ побрза да ја послуша „македонската влада“, па експресно го блокира каналот РТ Нењс („Ар ти њус“) еден од најгледаните информативни канали во светот. Но на „Македонски телеком“ му недостигаше храброста и чесноста отворено да ги објави мотивите за ваквата скандалозна постапка, па како наводна причина за отсуството на овој канал е наведен „прекин на врската на сателит“. Интересно, што сателитот не прекинал во Србија за истиот канал, а што во Македонија само сигналот на РТ Нењс има проблеми да си го најде патот низ фибер-оптичките лавиринти на мрежата.
Затоа што лавиринтите не се фибер-оптички, туку пропагандно-политички. Западот, со ваквиот свој потег покажа дека, кога станува збор за слободата на мислата и говорот, е подеднакво тоталитарен како Северна Кореја: имено, Русија не ги укина западните информациски сервиси со континуирана и евидентна анти-руска и анти-источна политика на известување воопшто, туку наместо тоа одговори со свој сервис – што е извонреден пример за духот на дијалектиката и борбата на мислења. Но дијалектиката го напушти целосно Западот и си замина на Исток. Ама не на позападениот бугарски исток, чија телевизија го игнорира, негира и навредува македонскиот идентитет среде Македонија, но на „македонската“ влада и „Македонски“ телеком тоа не им пречи! Како инаку да се објасни тоа што на западните „слободари на говорот“ и нивните „прогресивни медиуми“ –  како и на нивните владино-невладини послушници во Македонија – не им пречеа НАТО инвазиите врз Ирак, Србија, Авганистан, Сирија, што не беа згрозени од легализираното одземање на најосновните и гарантирани човекови права (а со тоа и на најосновното човеково достоинство) на над 100 000 цивили во Авганистан, затворани, гонети и мачени во логори финансирани од „демократскиот“ Пентагон?! Зошто тогаш не беа санкционирани англо-американските ЦНН, ББЦ, зошто тогаш не беше забранета англо-саксонската уметност, мисла и светоглед во солидарност со овие луѓе?! Прашањето е реторичко, а одговорот е јасен: само изопачен, антихуман и тоталитарен режим може да повика и преземе мерки за забрана на уметничко-креативен и мисловен израз и на слободно дисеминирање на информации. Токму тоа се ЕУ, НАТО и САД денес.

На Европската унија, САД, „македонската“ влада и „Македонски“ телеком им посакуваме среќна нова 1984та. А на македонските граѓани усрдно им препорачуваме да размислуваат со своја глава, да носат сопствен суд и да го почитуваат оној на другите, без разлика колку им е туѓ. Тоа било и ќе биде особина на македонскиот човек, за разлика од „нашите“ евроатлантски „сојузници“! Воедно, „Македонски манифест“ изразува болно и длабоко сочувство со оваа трагедија на украинскиот народ, кој, после српскиот, сирискиот, авганистанскиот и многу други народи, се најде на злокобната „линија на огнот“ (како што милуваат да кажат американските „демократи“) во борбата за светска превласт на западните империи, суднина која му е предобро позната на македонскиот народ и која ја дефинира неговата историја и сегашност.

„Македонски манифест“ ги повикува братските Украина и Русија на меѓусебно помирување и почитување во интересот на нивните народи, а во духот на македонскиот филантроп и револуционер Гоце Делчев: да го претвориме светот од поле за ништење на човештвото, уметноста и мислата во име на политичката моќ наречена „демократија“ и „западни вредности“, во поле за културен натпревар меѓу народите!!!
МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.