Реакција на Министерство за одбрана во врска со јавните набавка

Денес беше направена безумна и тенденциозна конструкција од јавна набавка наменета исклучиво за припадниците на Армијата, тврдат во реакицијата на Министерствтоо за одбрана

„Согласно Правилникот за исхрана на припадниците на Армијата донесен уште во 2015 година, изготвени се планови и рецептури за исхрана на војниците од кои произлегуваат и наведените прехранбени продукти. Станува збор за редовни набавки кои се правеле и во изминатите години за потребите на Армијата, и во ниеден случај не се за службениците на Министерството за одбрана. Прашуваме дали авторите на овие груби дезинформации и клевети можеби сметаат дека војниците кои се на граница, или извршуваат должности на стража или други војнички должности, не треба да се хранат? Зачудува фактот што и минатогодишната јавна објава за истите набавки беше по истиот рецепт оцрнета од медиумите од истата групација, иако и тогаш а и сега дадовме одговор дека се работи за исхрана на војниците пропишана во Правилникот за исхрана на припадниците на Армијата“, се наведува во ракцијата