
Во врска со текстот кој што го имате објавено „МВР го апси, а пресудата за командант Тануша укината пред шест месеци“, ве информираме и бараме од вас да биде пренесено дека А.А. е лишен од слобода по наредба на Основен кривичен суд Скопје, наредба која е активна сѐ до добивање на наредба за нејзино запирање.
Во СВР Скопје не е добиена наредба за запирање на потерницата и истата е активна. Лицето е спроведено и уредно примено во КПУ Затвор Идризово на 08.07.2012 во 22.30 часот на издржување на казна затвор.
Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода -Отсек потраги и Единицата за интервентна полиција денеска околу 19 часот го лишија од слобода 37-годишниот А.А. од скоското село Мојанци.
Како што соопшти МВР, за 37-годишниот А.А. била распишана потерница на Основен Кривичен суд – Скопје за убиство поради што требало да издржува казна затвор од 20 години.
А.А. ќе биде предаден на казнено поправна установа, информираат од МВР.
Претходно беше објавено дека Ајвази Ајдиљраман, алијас командант Тануша, од Скопје обвинет за убиство, којшто вчера беше уапсен за издржување на затворска казна од 20 години, всушност бил слободен човек.
Врховниот суд на 20 јануари 2021 година, по барање на Ајдиљраман за преиспитување на правосилната пресуда, одлучил позитивно. Така што пресудата за неговиот случај се укинува, а предметот се враќа на повторно разгледување и одлучување.
Од друга страна, полицијата соопшти дека „командант Тануша“ се барал со меѓународна потерница за извршено кривично дело по член 123.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.