Реакција на Општина Кисела Вода: Граѓаните за ДУП-от беа информирани преку јавна објава

Ќе се изработува Урбанистички план за село Драчево
Ќе се изработува Урбанистички план за село Драчево

Во однос на објавениот текст со наслов: Граѓаните реагираат на нетранспаретно носење на ДУП-от во Кисела Вода, од Општина Кисела Вода уверуваат дека за носењето на Детален урбанистички план Градска четврт Ј14, минатиот месец на 25 октомври преку ЈАВНА ОБЈАВА во два дневни весници и залепени соопштенија по урбаните заедници ја информираше јавноста.

Доказ за доброто информирање е бројката на присутни граѓани на презентацијата, велат во реакцијата на Општионата

Се наведува и дека ДУП-от уште е на јавна анкета, како и дека граѓаните до четврток може да доставуваат анкетни листови.

„Како што може да се види на фејсбук профилот на почитуваниот новинар Дарко Чекеровски,  истиот бил запознат, односно за ДУП-от објавил фејсбук статус на 28 октомври пред одржувањето на јавната анкета и презентација“, се заклучува во реакцијата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.