16 C
Skopje
четврток, септември 24, 2020

Реакции по поскапување на струјата: Профитот на монополските компании не смее да биде пред јавниот интерес!

71

Поголем број здруженија и синдикати преку соопштение остро реагираат на, како што велат, скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараат истата веднаш да биде повлечена.

-Револтира што Одлуката се носи во екот на најголемата криза од поновото време, кога илјадници луѓе остануваат без работа или добиваат намалување на платите, како и во период кога се обелоденуваат разни малверзации од страна на фирми кои добивале државна помош а не исплаќале плати на вработените. Со ваква штетна предлог Одлука уште еднаш се потврдува дека најголемиот удар од кризава ќе биде врз економски најранливите и работниците.

Револтира образложението на Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, дека цената морала да се покачи, поради намалените приходи на енергетските компании. Профитот на големите монополски компании не смее да биде пред јавниот интерес и обврската на државата да ги штити посиромашните граѓани.

Револтира и тоа што одлуката се носи преку ноќ, без никаква јавна консултација, среде лето, пред продолжен викенд и државен празник, кога граѓаните немаат многу простор да реагираат на неа. Одлуката се носи и во пост-изборен период, кога не е конституирано Собранието и нема избрано нова Влада, поради што е спорен и нејзиниот легитимитет, бидејќи ова не е техничка одлука. Ова е политичка одлука, со сериозни политички и социјални последици, која ќе ги засегне сите граѓани на оваа држава на долг период.

Укажуваме и дека многу европски држави во кризава донесоа одлуки со кои ги одложија или ги покрија сметките за струја за сиромашните граѓани, или пак ја намалија цената на струјата. Нашата држава, која има највисока сиромаштија и невработеност во цела Европа, има уште поголема обврска да донесе некоја таква мерка, наместо да покачува цени.

Поради сето ова, бараме Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја повлече Одлуката за поскапување на струјата, се вели во соопштението.

Потписници на Повелбата за солидарност и здруженијата и организациите за заштита на човековите и работничките права:

Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС)

Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ)

Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ)

Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ)

Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ)

Независен академски синдикат (НАкС)

Левичарско движење СОЛИДАРНОСТ

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија

Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“

ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена

Субверзивен фронт

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.