Реакциите на СДСМ за судската одлука за Мијалков е евтин театар, оцени Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 во средата вечерта истакна дека реакциите на СДСМ за одлуката пуштањето од притвор на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков е ништо друго освен евтин театар кој го приредуваат во јавноста.

„Евтин театар и обид на луѓето кои го водат правосудството во државата која е 111 место според Транспаренси Интернешнл според перцепцијата за корупција и криминал да се исперат. Во текот на денот колку што видовме пак се бара мерка притвор за друго дело“, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ќе гледаме вакви евтини театри кога тоа ќе им биде потребно на СДСМ, на Зоран Заев или на луѓето кои се во раководството на СДСМ.