Реакција: Kардихируршките операции и потребата за „метла” во Фондот за здравство

Пациент пукал во лекар на Абдоменална хирургија
Пациент пукал во лекар на Абдоменална хирургија

Од сигурни извори дознавме дека Фондот за здравство во четири очи ги зголемил референтните цени на кардиохируршките операции за 15 до 30 отсто, со оправдување дека овој потег е како резултат на „кумулативната инфлација”, односно зголемување на цените на потрошниот материјал за кардиохируршките интервенции во светски рамки, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

„Сево ова може и да биде точно и логично, но растот на овие цени двапати за една година ни дава право да се сомневаме дека се работи за нов скандал ако ги споредуваме замрзнатите цени на другите интервенции во текот на неколку децении и обезбедување на големи средства за овие операции кои се прават само во приватните болници ‘Аџибадем’ (6,5 милиони) и ‘Жан Митрев”‘(9,1 милиони евра) за 2018 година“, се наведува во реакцијата.

Од Алијансата додаваат и дека треба да се сфати дека цената на овие интервенции го достигна истото или го надминало нивоти во споредба со болниците во регионот, како што се Бугарија, Србија, Турција итн. каде што животниот стандард е поголем отколку во  Македонија.

„Комисијата за здравство на Алијансата за Албанците бара итно скандалот да се предаде во обвинителството, но зошто да не биде опфатен и од „метлата на Заев”, додека Министерството за здравство да објасни до каде е проектот на државна кардиохирургија и зошто се инвестираат толку големи средства во приватните болници, а не на формирање на кадар и обезбедување на оптимална инфраструктура за државната кардиохирургијав“, се истакнува во реакцијата.

Притоа, од Комисијата за здравство на Алијанса за Албанците ги поставуваат прашањето кога ќе бидат претставени првите резултати и костбенефитот на миграцијата на педијатриската кардиохирургија од јавното здравство во приватното во рамките на и така не добро дефинираниот проект на јавно-приватното партнерство.