Реакција на МОН за случајот со екскурзијата на средношколците од Неготино

1055

Одговорност во случајот со екскурзијата на неготинските средношколци во Италија мора да има, наставниците и директорот на училиштето во ниту еден случај не смееле да ги остават учениците сами и да заминат без нив, е ставот кој во врска со овој случај во четвртокот попладнето го дадоа о Министерството за образование и наука.

-Потсетуваме дека станува збор за малолетни лица кои им биле доверени ним. Исто така, загрижувачко е однесувањето на учениците за време на изведувањето на екскурзијата, за што исто така може на учениците да им бидат изречени педагошки мерки, нагласуваат од Министерството.

Државниот просветен инспекторат ќе изврши увид во гимназијата и ќе ги даде своите препораки.

Ваквото нивно однесување спрема учениците е основ за поднесување на одговорност. Секако и на родителите им останува можноста за покренување постапка за одговорност на наставниците за нивната негрижа спрема учениците, додаваат од МОН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.