Реакција на Наумов за Извештајот на Светска банка

– Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања, наведува Наумов и додава дека досегашната пракса на задолжувања, негативно се одразува на економијата.

Како што додава Светска банка во Извештајот потврдува дека јавниот долг за 2016 година изнесува 50 проценти и предупредува дека дефицитот од 3,4 проценти покажува дека се носат неразвојни буџети за економијата.

Според него, потребна е власт која ќе работи домаќински, а прв чекор во таа насока мора да биде носење развоен и транспарентен Буџет за 2017 година.